СЈО не заминува во историјата, тврдат од Владата

Бошњаковски потенцираше дека преговорите не се водат зад затворени врати затоа што секогаш има информации во јавноста, а министерката за правда Рената Дескоковска секогаш е достапна и ги дава сите детали. Законот не го пишуваме за нас, туку за граѓаните, посочи Бошњаковски.
Намерата, наведе, е да имаме двотретинско мнозинство, овој закон да биде тој што ќе не забрза на патот кон Европската Унија за да го добиеме датумот.
-Овој е еден од реформските закон што претставниците на Европската Унија очекуваат да го донесеме заеднички и да најдеме заедничко решение, рече Боњаковски.