Системите на УЈП: е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ функционираат
Управата за јавни приходи извести дека системите е-ПДД , е-Даночни услуги и МојДДВ се во функција.
Активностите околу надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги што УЈП ги започна вчера после 16.30 часот, успешно се завршени, и даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи кои ги нуди Управата за јавни приходи, се вели во соопштението до медиумите.
Од УЈП искажаа благодарност до сите граѓани и даночни обврзници за разбирањето.