Синер му помогна на Ѓоковиќ – го среди Алкараз за финале со Медведев!
Шпанецот одигра далеку под своето ниво и беше елиминиран по само два часа на теренот. Во првиот сет се водеше голема борба, а Италијанецот го доби во тајбрејк со само четири загубени поени. Вториот сет, пак, заврши многу побрзо, бидејќи Алкараз освои само еден гем. Синер во финалето ќе игра против Данил Медведев, кој претходно беше подобар од Александар Зверев (6-3, 6-3).
Ова е релативно добра вест за Ѓоковиќ, кој пред турнирот во Пекинг имаше речиси 3.000 поени пред Шпанецот. Со полуфиналната елиминација на Алкараз таа нема многу да се намали, бидејќи Новак со не играњето загуби 250 бода, додека шпанскиот ас дојде до само 180 поени, што значи дека разликата е намалена за само 430 поени. Србинот сега има предност од 2.830 поени, поради што мирно може да го очекува крајот на натпреварувачката година.