Силни дождови предизвикаа проблеми во регионот – град и поплави во Хрватска, БиХ и Србија
Невреме проследено до силен дожд го зафати подрачјето околу Осиек во Хрватска попладнево, а поплавени се и делови од Босна и Херцеговина, како и повеќе делови во Србија.

Во Осиек од силниот дожд поплавени се повеќе сообраќајници, а силниот ветар откорна покрив од една зграда. Поради тоа, во прекин беше напојувањето со струја. Под автомобил се отворила дупка, па пожарникарите го извлекувале возилото. Има повеќе поплавени подруми, а во Центарот за помош се јавиле повеќе од 300 граѓани.
Предупрепредување е објавено за граѓаните за денеска, како и за утре, при што се молат да преземат мерки за заштита на имотот и на животот, а се охрабруваат и за евакуација.
Помали поплави во БиХ
Силен дожд ги зафати и северните и средишните делови на Босна и Херцеговина, при што се предизвикани поплави од помали размери, а метеоролозите предупредуваат и на силни наноси.
Блокирани се патишта, а луѓето се предупредени да внимаваат затоа што обилни дождови се најавени за смедните три дена.
Град ги уништи културите во делови од Србија
И во Србија цел ден се предупредува на обилни врнежи и непогоди во различни региони, додека некои делови веќе се зафатени до невреме, како Блаце, Крушевац и Ивањица, каде паѓал град со големина на јајце, каде се уништени плодовите по нивите.

Во вечерните часови силен дожд го зафати и Белград, а низ улиците се слева вода.