Сиљановска-Давкова посакува во Штип да се изгради хибриден клинички центар на НАТО


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во обраќањето на одбележување на Денот на Армијата – 18 Август во касарната во Штип, говорејќи за вложуивањата во Армијата и за зголемувањето на трошоците во рамки на НАТО, истакна дека во Штип би можел да се изгради хибриден модел на клинички центар на Алијансата, со што би се постигнала самоодржливост и развој.

-Важноста на самоодржливоста во одбраната никогаш не била поголема. Таа бара зајакната способност за одвраќање напади и одбрана, адаптирање на националните капацитети за кризен менаџмент и стимулирање оперативна безбедност со онаа на НАТО, за да бидеме компатибилни со евроатлантската безбедност. Затоа на самитот на НАТО во Хаг се дефинира потребата од етапно зголемување на трошоците за одбраната. Но се разбира, спред мене, средствата не треба да бидат вложени само во опремувањето на вооружебите сили туку и во структурите на државата и на економијата во инфраструктурата, кажа Сиљановска -Давкова.

Посочи дека финансирањето не се однесува само и пред се на оружјето, туку на севкупниот систем што го градиме и ќе го градиме и дека предвидените издвојувања не треба да бидат само трошок туку и блок инвестиции не само во одбраната туку во самоодржливоста на македонските институции, при што, нагласи, сите надлежни но и засегнати институции мора да размислуваат за долорочни проекти што ќе значат креирање и гарантирање самоодржливост и развиј, не само во мир туку и во амбиент на потенцијалба закана и конфлрикт.

-На пример зошто да не е можен НАТО клинички центар според врвните стандарди на Алијансата коишто во мирнодобски услови би бил на располагање на македонските граѓани, а во услови на евентуален конфликт би бил медицински центар за потребите на НАТО. Или зошто еден хибриден модел на клинички центар овде во Штип, во град со извонредна стратешка локација, добра инфраструктурна поврзаност, државен универзитет, во чиј состав влегува и медицинскиот факултет, пропратен со болница и студентски дом, рече Сиљановска Давкова.

Според неа, тоа би придонело за обнова, заживување и препород на, како што рече, запустената, иселена и раселена источна Македонија.

-Или зошто да не иницираме изградба на НАТО центар за обука на обучувачи на армискиот полигон Криволак, еден од најдобрите пиолигони во Европа. Многу од припадниците на нашата армија имаат доволно знаење и искуство како обучувачи да можат да го споделат знаењето со нашите НАТО сојузници, потенцира претседателката Сиљановска-Давкова во обраќањето по повод Денот на Армијата – 18 Август.