Шведскиот принц Карл Филип се подготвува за принова


Шведска– Шведскиот принц Карл Филип и принцезата Софија денеска објавија дека го очекуваат своето трето дете. Досега, тие ги имаат принцевите Александар (4), војводата од Содерманланд и тригодишниот Габриел, војводата од Даларна.

 

Принцот, син на кралот Карл Шеснаесетти Густаф и петти во редот за престолот, и неговата сопруга „се среќни и возбудени и со нетрпение го очекуваат доаѓањето на нивното трето дете, се наведува во официјалното соопштение.

Кралската палата наведува дека принцезата се чувствува добро и дека раѓањето на бебето се очекува во март или април.