Шведски писател тајно се уфрли меѓу инцели – дозна страшни работи


Досега веројатно веќе сте слушнале за името Ендру Тате, поранешен кикбоксер кој изразува екстремистички мизогони гледишта, како оние дека жените треба да се се покоруваат на мажите, да останат верни додека партнерите ги изневеруваат и дека жртвите на силување сами сносат одговорност за нападот.

Неговите видеозаписи во кои ги изнесува своите гнасни ставови прегледани се повеќе од 11 милијарди пати на ТикТок, а го следи многу лојална група – позната како инцели ( според англиското “involuntary celibate” или “недоброволен целибат“) – која исто така користи мизогона реторика за дехуманизација на жените, пишува Унилад.

Кои се инцелите?

Движењето инцели главно е онлајн заедница која во својата срж им забележува на жените што не им овозможуваат секс. Застрашувачкиот раст на оваа мизогона супкултура во светот ја поттикна интернетот. Авторот на овој текст Паскал Енгман посебно се посветил на популарноста на инцелите во неговата земја – Шведска.

Според опсежната анализа на базата на корисници од глобалните инцел форуми, Шведска можеби има најмногу инцел форуми во однос на бројот на жители, со 240 посети на инцел форуми на милион жители. За земјата која низ историјата била предводничка во залагањето за правата на жените преземање чекори за еднаквост, се чини дека оваа статистика укажува на огорченост на заедницата инцели.

Оваа мизогона реакција исто така, може да доведе до насилство во вистинскиот свет. Студија од 2020 година, утврди дека во Шведска со зголемувањето на приходите на жените расте и ризикот од потенцијално семејно насилство.

Тајна задача

Енгман се одлучил на тајна задача за да дознае повеќе. Тие луѓе живеат и дишат онлајн како резултат на друштвената осуда на нивните екстремистички погледи, па единствен начин за нив да се дознае повеќе било проучување на нивните форуми.

Енгман поминал три месеци читајќи ги нивните објави и коментари, а што подлабоко влегувал во истражувањето на таа вируелна супкултура, спознанијата му биле се помрачни. „Ќе ѝ наздравам со пиво на секоја жртва која ќе се покаже дека е жена на возраст од 18 до 35 години“.“ „Геноцидот над жените беше совршено оправдан, тоа е моето скромно мислење“.

Инцелите кои успешно ја спроведуваат бруталноста над жените се сметааат за богови меѓу мажите, со мноштво пофалби по насилните напади од кои се превртува желудникот.

Презир кон жените

Спомнатите фалби следеа по првиот таков напад во Велика Британија во 2021 година, кога Џејк Дејвисон (22) со пиштол усмрти пет луше во Плимут по што крена рака и на себе – со што доби статус на маченик на инцел форумите. Меѓу жртвите беа тригодишно девојче, неговата мајка, што пак беше причина за прослава на форумите кои Дејвисон претходно ги посетувал.

„Имам речиси 30 години. моите најдобри години се зад мене, а никогаш не сум бил ни близу жена – ни како момче, ни како врска за една ноќ. Не ме сакаат. Тие прават тоа да е толку очигледно. Можеби не ме мразат, ана кон мене се однесуваат со презир, што е уште полошо.“

Со испитување на содржината на овие форуми, единствена работа која се приближи до ниво на презирот кој го чувствувале кој жените била онаа која ја чувствувале кон самите себе.

Енгман видел како момчињата објавуваат свои фотографии на форумите, бараат од другите да го проценат нивниот изглед, а потоа стигнуваат реакции дека треба да се убијат.

Веруваат дека се неуспешни кај жените затоа што се „грди“ и развиваат огромна омраза кон себе.

Тоа се гледа во ужасната пракса која се нарекува “крешење на коските“, при што поединци се тепаат по лицетои, со цел вилицата да ја направат поизразена , затоа што веруваат дека линијата на цврста вилица се смета за најпривлечна кај еден маж.

„Не ги сметам жените за луѓе. Тие се само робинки на мажот“

„Не ги сметам жените за луѓе. Тие се само, или треба да бидат, робинки на мажот. Готвење, чистење и ширење нозе кога ќе им се каже“.

„Општеството нѐ мрази, а ние сме мажи. На никого не му е гајле за нас. Мора да се свртиме кон насилство, да го присилиме општеството да ни помогне“.

Дехуманизацијата е клучно оружје во движењето инцел, затоа што гледајќи ги жените како понизок вид тие можат неограничено да ги деградираат, сквернават и загрозуваат жените според сопствената волја.

Зборувајќи за жените како за „фемоиди“, најдобро сценарио е дека на жените се гледа како на објекти, а најлошо на нив да се гледа како на мети.

Опасноста која произлегува од тоа што инцелите ги гледаат жените како објекти е дека се чувствуваат дека имаат право на нив. Кога ќе откријат дека тоа не е случај, тие размислуваат како со сила да го земат она што веруваат дека им припаѓа.

Заговараат кампови за силување

Многумина во движењето инцел предложиле или заговарале формирање државни кампови за силување, бидејќи жените и сексот го сметаат за свое право. Откако Енгман го сфатил полниот опсег на овие проблеми се почувствувал повикан да пишува за него во надеж дека ќе се развие свеста за растечката опасност.

Неговиот роман „Фемицид“ испитува навидум три одвоени убиства на жени, кои со време се поврзуваат со инцел движењето. Иако одлучил бизарната приказна да ја смести во Стокхолм, таа лесно може да се одвива каде било во светот затоа што ова не е изолиран проблем.

Кога екстремистичките погледи од работ на општеството ќе почнат да продираат во мејнстрим кутурата, тие претставуваат многу реална закана за годините културен напредок. Мизогонијата отсекогаш постоела, но подемот на инцел форумите на милиони мажи им пружи оддишка и штит со анонимност да го ослободат полниот гнев на авојата омраза на интенет.

Инцелите и понатаму ќе се чувствуваат охрабрени и не смееме да бидеме слепи на тоа, порачува Енгман.