Шведска вознемирена поради убиството на 19-годишниот рапер
Шведска– Шведската хип-хоп ѕвезда Еинар, 19-годишен рапер, беше застрелан во петокот вечерта во Стокхолм, што ја вознемири јавноста во таа скандинавска земја, кадешто се почести се оружените пресметки.
Убиството се случи по серијата напади, киднапирања и злосторства во изминативе години кои сведочат за порастот на насилството на малата сцена на шведскиот „гангста рап“ кој понекогаш е поврзан со мрежа на криминални банди.
Вистинско име на момчето е Нилс Курт Ерик Еинар Гренберг, кое веќе беше жртва на киднапирање во 2020 година. Тој е погоден од неколку истрели пред зграда во станбениот кварт Хамарби Сјоестад.
Еинар починал од повредите набргу откако брзата помош пристигнала околу 23 часот по средноевропско време во инаку тивка населба во близина на центарот на главниот град, изјави портпаролката на полицијата во Стокхолм, Тоу Хег.
Во тек е истрага за убиството, а полицијата ги испрашува сведоците за да се пронајде виновникот или виновниците.