Швајцарија ја намали каматната стапка на еден процент


Швајцарската национална банка (SNB) ја намали референтната каматна стапка за 25 базични поени на еден процент.

Каматните стапки се намалени по трет пат оваа година, а претставниците на банката најавија дека се подготвени за натамошни намалувања на каматните стапки во наредните квартали за да се обезбеди стабилност на цените и да се ограничи јачината на швајцарскиот франк, пренесува Блумберг.

Централната банка очекува инфлацијата во Швајцарија да биде 1,2 отсто оваа година и да падне на 0,6 отсто во 2025 година, пред повторно да се зголеми на 0,7 отсто во 2026 година, што во сите споменати случаи претставува надолна ревизија во споредба со претходната прогноза.

Националната банка на Швајцарија ја задржа претходната прогноза за инфлација и сега гледа инфлација на околу еден процент во 2024 година и 1,5 отсто во 2025 година.

Економистите на њујоршката агенција очекуваат банката дополнително да ги намали каматните стапки во декември за уште 25 базични поени на 0,75 отсто.