Шукова: Гаснењето на пожарот во Дрисла со вода ќе ја загади Маркова Река
Дождот нема да го изгаси пожарот на Дрисла имам решение на проблемот со депонијата, вели кандидатката за градоначалник на Скопје

Ниту дождот кој денеска паѓа во Скопје не може да го изгаси пожарот на депонијата Дрисла. Тоа најдобро покажува колку е сериозна состојбата и колку е неконтролирано горењето отпад кое со денови го труе воздухот што го дишат жителите на Скопје, изјави денеска Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје.
Според неа, во изминативе 4 години власта на ВМРО-ДПНЕ несоодветно се третирал отпадот во Дрисла и тоа било причина зошо се случуваат пожари на депонијата.
Таа објасни што значи соодветен третман?
„Отпадот се покрива со земја која се компактира односно пресува, со што се намалува волуменот на отпадот и најважно од се се истиснува кислородот, што е клучна причина за самозапалување.
Процесот продолжува со повторно покривање до запечатување на отпадот што се третира, и се спречува да нема кисород и да нема влага. Тоа може да се прави или со земја или со глина. Во близина на Дрисла има глина, која за жал не се користи.
Паралелно не се третираат ни гасовите кои може да предизвикаат експлозија на депонијата.
Гасењето со вода дополнително отвара уште еден проблем – загадување на Маркова Река, бидејќи сѐ што истекува од депонијата Дрисла се влева во реката.
Еве како треба да работат јавните претпријатија во Скопје. Но фактичката состојба покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неумее.
Наместо заштита на граѓаните и соодветни решенија, најлесно е да се обвини СДСМ. Еднаш видовме неуспешна концесија за Дрисла, сега нудат јавно приватно партнерство, од тоа само ВМРО ДПМНЕ ќе има бизнис и личен профит, а жителите на Скопје и понатаму ќе се трујат.
Јас знам и имам план како да се воспостави систем за отпад и да се спречат вакви еколошки катастрофи. Моето решение предвидува соодветен третман но пред се намалување на количините на отпад, преку селектирање и реупотреба. Дождот нема да ни го реши проблемот на Дрисла“, рече Шукова.