Што значи полна месечина во Девица за хороскопските знаци?


Фото: Б. Грданоски

Овој транзит ќе нè поттикне да седнеме со својата болка, траума и тага и да си дозволиме емпатија себеси. Девицата е знак на божиците и совршенството и така оваа полна Месечина ни носи моќ да се опоравиме од траумите.

Таа доаѓа по двегодишното долго патување. Таа може да донесе емоции кои не сме ги процесирале досега, а сега е можноста да си дадеме љубов прво себеси, а потоа да го очекуваме тоа од другите. Животот не мора да биде совршен, но може да биде подобар ако самите го направиме тоа за себеси. 

Ова е време кога треба да престанеме да се каеме за некои одлуки од минатото и да си дадеме шанса да се препуштиме на она што ни го носи иднината.

Што им носи таа на хороскопските знаци?

Овен

Вашите одговорности и работни задачи се менуваат. Во ова време на транзиција, треба да бидете внимателни колку работи преземате на свој грб. Запрашајте се себеси дали можеби ја работите и работата на другите и колку тоа влијае на вашата добросостојба. Запаметете, успехот е тимски напор.

Бик

Романсата е тука за вас за време на овој транзит. Бидете храбри кога станува збор за љубовта. Ова е одличен период да и пристапите на личноста која ви се допаѓа или пак да ја однесете врската на едно повисоко ниво, ако тоа е она што го сакате. Време е за големи и важни разговори. 

Близнаци

Вие сте темата на оваа полна Месечина. Направете чекор наназад и погледнете длабоко во себеси. Што посакувате за себе? Што ви е важно сега во овој миг? Изберете се себеси, а потоа дадете си одговор на важните прашања. Балансот е најважен.

Рак

Полната Месечина ќе ве поттикне да се вратите назад во својата школка и тоа е сосема во ред. Погрижете се за себеси и најдете време да се одморите. Пробајте да медитирате, да вежбате јога или пак да прочитате добра книга.

Лав

Полната Месечина за Лавовите го става фокусот на финансиите. Ќе посакате да направите распоред на трошење па и листа на работи за кои ќе можете да заштедите. Заштедете малку за летниот одмор, ова е супер период за тоа.

Девица

Бидејќи ова е транзит во вашиот знак, фокусот ќе биде ставен на вас. Ќе посакате убави нешта за себеси, но и внимание од другите. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Како дополнување, направете листа на оние работи кои ги сакате кај себеси.

Вага

Вагите треба да обрнат внимание на она што се крие под површината. Време е да ги лечите оние работи кои ве фрустрираат или за кои се каете, но не си дозволувајте да започнете конфликт со себеси или пак другите. Наместо тоа, одвојте време за себеси и фокусирајте се на изнаоѓање на внатрешниот мир.

Шкорпија

Паузирајте пред да дадете совет за време на полната Месечина. Не е важно само што кажувате, туку и како го кажувате тоа. Слушнете ги своите пријатели што имаат да ви кажат пред да им понудите совет кој не го бараат од вас. 

Стрелец

Дали работите повеќе од вообичаено? Пред да почнете да се жалите за долгите часови работи, запрашајте се зошто го правите тоа и што ви носи тоа во животот. Дали тоа ви помага да ги постигнете своите цели? Дали чувствувате позитивна енергија? Дали го правите сето тоа само за да ви се восхитуваат другите? Вие ги знаете одговорите.

Јарец

Вам ви е потребно бегство од реалноста и авантура која ќе ве оддалечи од сите обврски. Ако не можете да заминете на подолго патување, одете на викенд, а во меѓувреме испланирајте некое патување за понатаму кога ќе имате можност. Најдете ја својата идеална дестинација.

Водолија

Ова е транзит кој веројатно ќе ги тестира вашите граници кога станува збор за луѓето во вашиот живот. Обрнете внимание на тоа како се чувствувате меѓу луѓето. Не си дозволувајте да реагирате бурно, ниту пак да влегувате во конфликти и ситуации кои ќе направат да се чувствувате лошо. 

Риби

Зборувајте од срце за време на полната Месечина. Покажете им на луѓето колку ви значат. Но, дозволете им и тие да го направат тоа. Ова е убав транзит за родените во овој знак.