Што значи кога ви се јаде солено или слатко
Што значи кога телото бара слатки или солени грицки, а што ако наеднаш испиете кисела вода или сода?
Австралиска нутриционистка „декодирала“ што значи кога одеднаш јадеме одредена храна. Понекогаш сме гладни и јасно ни е дека се ќе ја задоволи потребата на нашиот организам за хранливи материи, но понекогаш наглите желби за одреден вид храна се знак дека на телото му недостасуваат вредни материи.
Што значи ако сакате да јадете слатки?
„Ако сакате да јадете чоколадо или јаткасти плодови, тоа може да биде сигнал за недостаток на магнезиум“, вели Ли Холмс.
Желбата за слатки најчесто е сигнал за недостаток на важни минерали, па ако јадете чоколадо, колач или нешто слично, тоа може да значи дека ви недостасува железо, калциум, магнезиум, цинк…
Што значи ако се чувствувате потреба за солено?
Ако одеднаш почувствувате потреба за нешто солено, како што се чипс или кикирики, тоа е сигнал за дисбаланс на електролити. Слична потреба ќе почувствувате ако, на пример, одевте на тренинг. Тогаш телото ги исфрла електролитите преку потта и ви испраќа сигнал дека треба да ги замените.
„Кога ќе изгубиме премногу сол и електролити, телото ќе испрати сигнал за да го надомести изгубеното. Ќе почувствувате потреба за чипс или други солени грицки, но тоа може да биде и знак дека имате недостаток на цинк или железо“, вели таа.
Што значи ако ви се пие газирано?
Одеднаш имате очајна желба за кисела вода или сода? Желбата за газирани пијалоци може да биде сигнал за недостаток на фосфор во организмот. Тоа може да биде и знак дека на телото му недостасува калциум.
Кое е решението?
Ли Холмс наведува дека секоја од овие ненадејни желби за „штетна“ храна полна со сол и шеќер можете да ја задоволите на вистински начин – ќе го задоволите вашиот апетит, а ќе го надополните токму она што му недостасува на вашето тело.
– Желбата за слатки ќе се задоволи ако јадете јаткасти плодови, пилешко, јајца, сирење или зеленчуци со светли бои.
– Желбата за солена храна ќе ја згаснат јаткастите плодови, мрсната риба и производите од козјо млеко.
– Желбата за газирани пијалоци ќе се „реши“ ако пиете млеко или јогурт, или јадете сардина или сирење.