Што точно се случило со авионот на Бујар Османи над Бугарија?


 

Сѐ уште не се знае што точно се случи со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при нејзиното слетување во Бугарија? И зошто бугарските власти двапати ја менуваат верзијата за само неколку часа се прашања кои ги поставуваат светските медиуми.

Утрото, премиерот Росен Желјасков изјави дека немало ништо сериозно, туку само „делумен прекин на сигналот“, што е вообичаено во урбани средини. Подоцна истиот ден, веќе попладне, тој го смени тонот и остави можност за вмешаност на Москва. Ова отвори простор за „конфузија на информации“.

За овој недоследен и нејасен настап на бугарските институции пишуваа „Политико“, „Фајненшел тајмс“, а со своја реакција излезе и НАТО. Пред некој ден се дозна дека ист ваков инцидент му се случил и на тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, додека претседаваше со ОБСЕ. Османи вчера на прес-конференција го потврди и образложи инцидентот и кажа дека е многу симптоматично што повторно над бугарското небо се случува идентичен инцидент.

Со оглед на тоа што Бугарија сега ги ревидира своите изјави и ја релативизира целата ситуација, се отвора прашање дали бугарските власти може да го потврдат или го отфрлаат инцидентот со Османи?

Прашањето е и дали Османи е подготвен да ги објави деталите за тој лет, што точно се случило.

Во време кога ЕУ и НАТО алармираат за зголемени хибридни закани, ваквите инциденти не смеат да останат во сенка. Дури и ако не се докаже директна вмешаност на трета страна, јавноста заслужува транспарентност, јасни информации и институционална сериозност.