Што облече Кејт Мидлтон за платинестиот јубилеј на кралицата (галерија)
Англија– Кејт Мидлтон ја покажа врвната елеганција и естетското чувство на низата настани и почести кои од 2 до 5 јуни го славеа платинесиот јубилеј на крлицата Елизабета Втора, 70 години на тронот на Британија, што воедно ја издвојува како монарх со најдолго владеење во кралството.
Со изгледот се издвојуваше војвотката од Кембриџ кој избра модни комбинации на британски дизајнери – од Александар Меквин, Стела Мекартни до Емилија Викстед, со различна палета на бои- од белата, нежната жолта, до џиш розовата и црвената боја, искомбинирани со традицонални шапки на Филип Трејси и накит кој и припаѓаше на нејзината свекрва-лејди Дијана.