Што ќе донесат следните шест месеци од пандемијата?


За тие што се надевааат дека ќе видат светлина на крајот од тунелот „Ковид-19“ во следните три до шест месеци, научниците имаат лоши вести: подгответе се за повеќе од она што веќе го поминавме.

Епидемијата ќе ги затвора чилиштата и ќе се откажуваат часовите. Вакцинираните жители во старечките домови ќе се соочат со нови стравови од инфекција. Работниците ќе ја одмеруваат опасноста од враќање во канцеларија, бидејќи болниците ќе бидат уште еднаш преоптоварени. Речиси секој ќе биде заразен или вакциниран пред да заврши пандемијата, се согласуваат експертите. А, можеби и двете. Помал број несреќни ќе се заразат со вирусот повеќе од еднаш.

„Овие повторувачки бранови ќе се случуваат низ целиот свет“, вели Мајкл Остерхолм, директор на Центарот за истражување и политика на заразни болести на Универзитетот во Минеаполис и советник на американскиот претседател Џо Бајден. „Потоа ќе ослабат  потенцијално до некаде“, рече тој. „Мислам дека многу лесно може да видиме нов пораст есенва и зимата“, додаде тој.

Со оглед на тоа што милијарди луѓе низ светот допрва треба да се вакцинираат и што се мали шанси сега да се елиминира вирусот, можеме да очекуваме повеќе инфекции во училниците, во јавниот превоз и на работните места во текот на следните месеци, додека економиите продолжуваат со  отворање. Дури и да се зголемат стапките на имунизација, секогаш ќе има луѓе кои се ранливи на вирусот: новороденчиња, луѓе кои не можат или не сакаат да се вакцинираат и оние кои се вакцинираат, но страдаат од пробивни инфекции додека нивното ниво на заштита се намалува.

Следните неколку месеци ќе бидат тешки. Клучна опасност е да се развие варијанта отпорна на вакцините, иако тоа не е единствениот ризик пред нас. Во следните месеци ќе се види и долгорочното влијание на пандемијата врз економиите и пазарите, фармацевтската индустрија, патувањата и многу повеќе.

„Ќе гледаме ридови и долини, барем во следните неколку години, додека не добиеме повеќе вакцини. Тоа ќе помогне. Но, предизвикот ќе биде: Колку големи ќе бидат ридовите и долините, во однос на нивната оддалеченост? – прашува   Остерхолм. „Не знаеме. Но, можам да ви кажам дека ова е шумски пожар од коронавирус кој нема да престане додека не го најде целото човечко дрво што може да го изгори “.

Петте добро документирани пандемии на грип во изминатите 130 години нудат идеја како ќе се рзвива оваа со Ковид, оценува   Лоне Симонсен, епидемиолог и професор по здравствени науки на Универзитетот Роскилде во Данска. Додека најдолгата глобална појава на грип траеше пет години, таа главно се состоеѓе во просек  од два до четири бранови на инфекцијата , рече таа. Ковид веќе се вбројува во потешките пандемии, бидејќи втора година светот завршува со трет бран  – и нема крај на повидок.

Можно е вирусот познат како SARS-CoV-2 да не го следи патот поставен од пандемиите во минатото. Впрочем, тој е различен, нов и потенцијално повеќе пренослив патоген. И со бројот на загинати од над 4,6 милиони луѓе досега, тој е повеќе од двапати посмртоносен од шпанскиот грип во 1918 година. И покрај бруталните првични бранови и релативно високите стапки на вакцинација, земјите вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Русија и Израел „флертуваат“ со рекорден број случаи. Имунизацијата помага да се ублажат тешките и смртни случаи, но зголемените инфекции значат дека вирусот ги стигнува младите и другите кои остануваат невакцинирани, што доведува до зголемување на стапката на сериозни болести кај тие групи.Нациите каде што вакцинацијата е мала – како Малезија, Мексико, Иран и Австралија – се во средината на епидемија со заразниот делта сој. Бидејќи вирусот се уште е надвор од контрола во огромни области на планетата, можно е да се појави друга варијанта.

„Историјата покажува дека вообичаеното верување дека вирусите автоматски стануваат поблаги со текот на времето  –  е  погрешно“, вели Симонсен. „Иако новите мутации не се секогаш потешки од претходните, можат да станат посмртоносни за време на периодот на пандемија, бидејќи вирусот се прилагодува на својот нов домаќин“, рече таа.

На почетокот на појавата на „Ковид“, имаше добра причина да се надеваме дека вакцините ќе обезбедат долгорочна заштита, слично како и детските вакцини што запираат болести како што е детска парализа. Коронавирусите имаат механизам за „читање докази“ кој ги поправа вродените грешки предизвикани кога вирусот се реплицира, намалувајќи ја веројатноста за појава на варијанти кога вирусот се пренесува од едно на друго лице. Но,бројот на заразени беше толку огромен што се случуваат мутации.Како резултат на тоа, „Ковид“ може да биде како грипот, барајќи редовно дополнување на вакцината за да остане ефективна додека се развива вирусот. Некои истражувачи велат дека САРС-КоВ-2 е подготвен да стане целосно отпорен на првата генерација вакцини.

„Ова е сценарио за кое се надеваме дека нема да се случи“, рече Симонсен. „Боже мој, ќе треба да го направиме се одново“.

Други дури и пострашни опции за следните месеци вклучуваат појава на нов вирус на грип или друг коронавирус што е пренесен од животните на луѓе.Додека има резервоари на животни со коронавирус, постои и можност во иднина да се појави друг коронавирус.Она што е  јасно е дека пандемијата нема да заврши за шест месеци. Експертите генерално се согласуваат дека сегашнниот бран ќе биде ставен под контрола откако повеќето луѓе – можеби 90% до 95% од глобалната популација – стекнат одреден степен на имунитет благодарение на имунизација или претходната инфекција. Клучниот елемент треба да биде вакцинацијата, велат тие.

„Без вакцинација вирусот ќе се шири широко и ќе ги најде сите оваа есен и зима“, рече Симонсен.

Повеќе од 5,66 милијарди дози вакцини се дадени низ целиот свет, според тракерот за вакцини на Блумберг. Но, успехот во некои региони, како што се Европската унија, Северна Америка и Кина, го прикрива неуспехот во други. Повеќето земји во Африка успеаја да вакцинираат помалку од 5% од нивното население со две дози. Индија администрираше доволно за да покрие само околу 26% од населението.

Затоа, пандемијата ќе заврши во различни периоди на различни места, исто како и претходните епидемии,смета Ерика Чартерс, вонреден професор по историја на медицина на Универзитетот Оксфорд. Владите ќе треба да одлучат со колкава болест се чувствуваат удобно, рече таа.

Пристапите се разликуваат. Додека некои земји се уште се фокусираат на нула случаи со Ковид, светот веројатно нема целосно да го искорени вирусот.Нациите како Данска и Сингапур, кои успеаја да ја го држат бројот на инфицираните релативно ограничен, веќе се движат кон пост-пандемична иднина со помалку безбедносни ограничувања. Други, како што се САД и Велика Британија, се отвораат иако бројката на инфицирани е блиску до рекордните. Во исто време, Кина, Хонг Конг и Нов Зеланд ветија дека будно ќе продолжат да работат на елиминирање на вирусот на локално ниво. Крајниот процес нема да биде униформен.Пандемијата е биолошки феномен, но исто така е и политички и социјален. Дури и сега има различни пристапи во справувањето со неа. Дотогаш, повеќето од нас ќе треба да се подготват уште за многу месеци мерки за  пандемијата.

„Треба да и пристапиме со отворени очи и со голема понизност“, вели Остерхолм. „Секој што мисли дека ќе го надминеме ова во следните неколку дена или неколку месеци, многу греши“. (Блумберг)