Кремљ копа се подлабоко во џебовите на граѓаните, сите прашуваат „кога оваа војна ќе заврши“?
Иако Русија изминативе денови врши масовни напади со ракети и дронови во Украина, таа стратегија покажува повеќе очај, отколку намера да се сврти текот на војната. Зад насловите од дневните вести е сликата за земја заглавена во „специјалната воена операција“, која се потешко ги менаџира финансиите и која единствено што успеја досега, освен масовно разурнување, е што ја донесе војната дома, на своја територија.Ова е телеграфски билансот на војната во Русија:
– Една од најголемите руски транспортни компании престана да испорачува товар преку Црното Море. Украинските напади врз пристаништата, бродовите и логистиката ја направија рутата премногу ризична, зголемувајќи го притисокот врз клучниот руски извозен центар.
-Русија порано ја снабдуваше со гориво Африка. Сега го купува. Украинските напади ја принудија Москва да увезува бензин од Мароко, Индија, Белорусија и Казахстан, бидејќи прекините во рафинериите го намалија производството на 65% од побарувачката.
-Единствениот пат кога Русите гледаат „нормални“ цени на бензинот е кога Фирерот е во градот. За време на посета на Путин, пумпите привремено ги намалуваат цените. Во моментот кога ќе замине, цените се зголемуваат за една минута, враќајќи се точно на нивоата пред посетата.
-Украина пресече уште една артерија за горива. Снимки од беспилотни летала покажаа како Украина уништува колона цистерни за гориво во окупираната територија Запорожје додека се упатуваат кон Крим. Украинските сили продолжуваат систематски да ја прекинуваат руската логистика за гориво на секоја оска.
-Пропагандистите на Кремљ ја сменија плочата: Русите само сакаат војната да заврши. Прашањето што најмногу го слуша од сопствениците на бизниси и обичните Руси, според нив, е: „Кога ќе заврши ова?“ Тие признаваат дека нападите ја донесоа војната дома и го тестираат општествениот договор со Кремљ.
-Дифенс Експрес известува дека руските железници се соочуваат со растечки проблеми: недостиг на опрема, заостанати работи во одржувањето, дефицит на персонал и преоптоварувања поврзани со војната. Мрежата што ги поткрепува воените линии за снабдување е под зголемен притисок (гориво + логистика).