Што е станбен кредит? Функција, карактеристики и услови
Не знаеш што е станбен кредит? Научи сѐ што треба да знаеш за станбени кредити, од дефиниција до најчести услови и донеси ја правилната финансиска одлука
Во светот на економијата, постојат повеќе видови на кредити кои можат да се поделат според различни критериуми, од кои еден е нивната намена. Двата најбарани видови на наменски кредити се потрошувачкиот и станбениот. Но, што е станбен кредит?
Како посебен вид на кредит, станбениот нуди многу поволности за барателите на кредити. Но, за да се искористат тие бенефити, потребна е едукација за функцијата и карактеристиките на станбениот кредит, како и условите кои треба да се исполнат за финансиската позајмица да биде одобрена.
Што е Станбен кредит?
Станбен кредит е вид на долгорочен кредит кој се издава исклучиво со намена финансиските средства да бидат искористени за купување на недвижен имот. Подетално, станбениот кредит се дава на субјекти кои се заинтересирани за купување на куќа, стан, земјиште со недвижен имот, градежно земјиште, но и за доградба, надградба или реновирање на постечки имот.
Дополнително, одредени финансиски институции одобруваат и станбени кредити со цел рефинансирање на тековен станбен кредит на барателот. Главните одлики на станбените кредити се:
- Долг рок на отплата
- Фиксни и променливи каматни стапки
- Најчесто е потребно учество во купување на недвижноста
- Кредити со висок кредитен ризик
- Имотот кој се купува се користи како колатерал
Најчести услови за одобрување на станбен кредит
Критериумите за доделување на станбени кредити се генерално многу построги од оние на најдобри брзи кредити и целокупниот процес трае многу подолго. Банките и финансиските институции имаат предвид повеќе фактори според кои одлучуваат дали да доделат станбен кредит на одреден клиент, како што се:
- Работен однос
- Редовност на фискни примања
- Висина на примања
- Тековна задолженост
- Историја на отплата на кредити
- Проценка на вредноста на имотот кој може да биде приложен како колатерал за кредитот
Што е станбен кредит за млади брачни парови?
Повремено, во нашата држава има специјална понуда на кредит за млади брачни парови за купување на дом..
Најчесто, за процесот на кредитирање да заврши со позитивен одговор од страна на банката, апликантите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Брачните другари не поседуваат друг недвижен имот
- Брачните другари не се корисници на друг станбен кредит
- Одредени ограничувања на месечните приходи
- Корисникот треба да биде до 35 години
Станбен или традиционален кредит?
Многумина се запрашуваат која е разликата меѓу станбен кредит и традиционален кредит. Првенствено, различен е понудениот рок на исплата на кредитот. Додека традиционалните кредити можат да бидат и краткорочни, генерално станбените се долгорочни кредити кои можат да имаат дури и неколку децении рок на отплата.
Следно, станбените и традиционалните кредити се разликуваат и според сумата којашто му се одобрува на барателот на кредит. Во повеќето случаи, поставените лимити на финансиските институции за одобрување на станбените кредити се повисоки и можат да достигнат дури до повеќе стотици илјади евра. За разлика од нив, традиционалните кредити нудат финансиски средства кои може да достигнат максимум неколку десетици илјади евра.
Кога станува збор за каматни стапки, двата видови на кредити можат да користат комбинација од фиксна и променлива каматна стапка. Но разликата е во тоа што износот на каматата на станбените кредити е најчесто многу поповолна отколку на традиционалните.
За сметка на тоа, голем број на станбени кредити се издаваат по одобрување на колатерал како гаранција за исплата на кредитиот. Во денешно време, многу помалце се практикува побарување на било каков вид на осигурување за традиционалните кредити.
Барем до сега, станбени кредити нудат само банките. Останатите финансиски институции како друштва за финансирање и брзи кредити се занимаваат само со краткорочни кредити.
Заклучок
Една од клучните теми за финансиското образование на секој човек е разбирање што е станбен кредит. Станбените кредити се посебен вид на финансиска позајмица која се одобрува исклучиво за купување на стан, куќа, земјиште со недвижен имот, градежно земјиште, или пак доградба, надградба и реновирање на веќепостоечки имот.