Што е најубавото на вас? Секој хороскопски знак има по некоја благословена убавина
Астролозите тврдат дека секој хороскопски знак е благословен со некој посебен детал кога станува збор за физичката убавина!
Овен– Овој знак често има убави веѓи – некои, благодарение на нив, делуваат бестрашно, а други имаат заводливо невин израз на лицето.
Бик – Многу често Биковите имаат исклучително убави и полни усни – создадени се за Инстаграм!
Близнаци – Благословени сте со магичен тен, па секогаш блескате и привлекувате внимание, дури и во толпа луѓе. Долго го задржувате младешкиот изглед.
Рак – Иако ракот го „крие“ својот стомак, астролозите велат дека припадниците на овој знак секогаш имаат убав стомак, дури и ако е малку пополн.
Лав – Убавата коса е ваш заштитен знак, по таа секогаш ќе ве препознаваат.
Девица – Имате и многу чиста кожа, како на лицето, така и на телото и затоа ја заслужува најдобрата нега.
Вага – Свртете се, особено сте згодни одзади – па никој не останува рамнодушен на вашето одење.
Скорпија – Вообичаените ерогени зони се вашиот најсилен естетски адут.
Стрелец – Имате најубави рамења и грб – изберете фустани и блузи со кои ќе ги истакнете.
Јарец – Создадени сте за мини фустани и здолништа – вашите нозе се одлично обликувани.
Водолија – Создадени сте за фетишисти – вашите стапала се така обликувани за да можете да бидете модел за скулптори.
Риби – Ова е знакот на хороскопот кој има најубави очи и сите сигурно ќе го забележат штом ќе ве видат за прв пат.