Шпанската полиција го истражува доаѓањето на Ѓоковиќ во Марбелја


Новак Жоковиќ за време на тренинзите во Марбелја околу Нова година

 

Шпанскoто радио „Копе“ јавува дека тамошната полиција добила наредба од владата да истражи како невакцинираниот тенисер влегол во таа земја.

Како причина за расветлување на престојот на првиот светски рекет во Марбелја, од 31 декември до 3 јануари, кога преку Дубаи заминал во Мелбурн, се наведува дека српските државјани не смеат да влезат во Шпанија без потврда за вакцина или одобрение за медицинско ослободување. А познато е дека Новак Ѓоковиќ не бил вакциниран против корона вирусот.

Истиот извор тврди дека Новак ниту побарал ниту добил посебна потврда или дозвола од шпанската амбасада во Србија, ниту од кое било друго тело во таа земја.

Тоа е нов проблем за Србинот, додека ја чека одлуката на министерот за имиграција во австралиската влада, Алекс Хок, чија служба повторно ја проверува документацијата на Ѓоковиќ. Отвореното првенство на Австралија во тенис започнува на 17 јануари