Шпанија ќе им дава една доза вакцина на помладите од 55 години кои прележаа корона

Шпанија одлучи да им дава само по една доза од вакцината против корона вирусот за помладите од 55 години кои биле заразени со вирусот, објави денеска Министерството за здравство во најновата промена на стратегијата на вакцинирање.
„Траењето на отпорноста на вирусот по заразата по природен пат е непознато, но истражувањата покажуваат дека една доза кај тие лица го зајакнува имунитетот“, пишува во насоките.
Франција, порано овој месец, воведоа слична политика, а италијанските политичари размислуваат да го направат истото.
Вакцинацијата ја одбија само два отсто од Шпанците
Шпанија веќе им советуваше на луѓето кои прележале Ковид-19 да почекаат шест месеци пред да се вакцинираат.
До четвртокот вакцинирале околу 2,2 милиони граѓани од приоритетните групи како што се корисниците и вработените во домовите за стари, лицата постари од 80 години и медицинскиот персонал кои работат со ковид-болни.
Од нив 1,2 милиони ги примија двете дози.
Вакцинирањето го одбија само 2 отсто од Шпанците, вклучително и они кои не може да се вакцинираат од здравствени причини.
Во Шпанија досега од корона вирус заболеа 3,18 милиони луѓе, а починаа 68.468.