Шкендија триумфално во Струмица, Вардар јалов против фенерџијата


Со голот на Висар Муслиу во 30 минута, фудбалерите на Шкендија победнички го минаа гостувањето во Струмица кај Академија Пандев. Ова беше прв триумф на тетовчани против „пандевците“ во третиот нивен меѓусебен дуел сезонава, па дури и прв гол со кој актуелниот шампион е уште поблиску до одбрана на титулата. Шкендија сега има предност од големи десет бода пред второпласираниот Вардар, кој не успеа во Охрид да ја победи последнопласираната Победа. Скопјани, сепак, се зацврстија на второто место, но впечатокот што го оставаат со игрите сезонава, како и случувањата околу клубот не делуваат оптимистички пред евентуалните евронастапи.

Ренова го победи Шкупи со 1-0 (Стојановски, 45 минута) и се издвои на четвртото место.

Во борбата за опстанок, претпоследната Беласица освои бод на гостувањето во Скопје кај Работнички (Шарковски во 55 минута за Работнички, Денковски во 51. за Беласица).

Поделба на пленот имаше и во Кратово, каде Македонија Ѓорче Петров поведе со голот на Кировски во 41 минута, а во 66. од пенал израмни Алексовски.

До крајот на првенството има да се одиграат уште 10 натпревари.

Резултати: Академија Пандев – Шкендија 0:1, Победа – Вардар 0:0, Ренова – Шкупи 1:0, Работнички – Беласица 1:1, Силекс – Македонија Ѓорче Петров 1:1

Табела
1. Шкендија                     26 18 5 3 57:18 59
2. Вардар                        26 14 7 5 29:16 49
3. Академија Пандев     25 14 3 8 30:19 45
4. Ренова                        26 9 9 8 32:31  36
5. Шкупи                         26 9 6 11 24:26 33
6. Работнички                26 9 6 11 32:37 32
7. Македонија Ѓ.П.         26 7 10 9 29:36 31
8. Силекс                       26 5 10 11 17:33 25
9. Беласица                   26 5 8 13 22:37 23
10. Победа                     25 5 4 16 19:38 19

Идно коло, недела (15.30 часот): Вардар – Академија Пандев, Беласица – Силекс, Македонија Ѓорче Петров – Победа, Шкендија – Ренова, Шкупи – Работнички