Шестоодделенец пукаше во училиште во Русија


Ученик на возраст од 12 години, утрово пукаше во училиште во градот перм во Русија, но медиумите велат дека бил злоупотребуван.

Четири недели по пукањето на Универзитетот во рускиот град Перм на Урал, ученик во шесто одделение во основно училиште почна да пука во училница, во истиот регион.

Тој истрелал два куршуми во таванот и во ѕидот, наведоа властите. Нема мртви, а еден ученик е полесно повреден.

Момчето е уапсено, а 300 ученици заедно со 30 наставници самостојно ја напуштиле зградтаа во селото Сарс.

Директорката го убедила да се предаде

Медиумите пишуваат дека директорката го уверила вооружениот 12-годишник да се предаде. Рекол дека го зел пиштолот од татко му без тој да знае.

Властите не изнесоа никакви информации за заднината на инциденотот. Новинската агенција Интефакс објави дека еден од можните мотиви е тоа што тој бил злоставуван во училиштето.

Наставата продолжува во понеделник.

Во градот Перм, на околу 1.200 километри источно од Москва, студент по право пред еден месец со ловечка пушка уби шест лица, а рани 20.