Северна Кореја пробно лансираше ракета со дијаметар од 240 милиметри


Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун присуствуваше на пробното лансирање ракета со дијаметар од 240 милиметри и нови системи за лансирање, пренесоа севернокорејските државни медиуми.

Како што се наведува, новите лансирни системи покажале „супериорна мобилност и прецизност“ за време на пробните лансирања, пренесуваат светските агенции.

Претходно оваа недела, Ким присуствуваше на пробен лет на нова серија дронови „камикази“.