Села од Дебарца останаа отсечени од автопатот Кичево-Охрид – не се готови пристапните патишта

По вчерашното пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево-Охрид, делницата Врбјани-Ботун, по нивно барање денес градоначалникот на Дебарца, Зоран Ногачески, оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода, кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата, бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села, односно живеалишта со автопатот.
„Како локална самоуправа ја разбираме нивната загриженост и уште еднаш апелираме до Јавното претпријатие за државни патишта, како инвеститор и изведувачите што е можно најбрзо да ги изградат помошните, односно пристапните патишта, како би се овозможило безбеден и непречен пристап на засегнатите жители од автопатот до нивните населени места и обратно“, велат од Општина Дебарца.
За потсетување, вчера на пладне, беше пуштена за употреба делницата од Врбјани до Ботун.
Мицкоски: Откочивме еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти