Седум мртви кога српско возило со мигранти удри во куќа во Унгарија
Седуммина загинаа, а четвротица се повредени кога автомобил со српски регистарски таблички кој превезувал мигранти удрил во куќа во Унгарија, пренесе Новости.
Полицијата наведува дека несреќата се случила кога возачот на автомобилот со регистарски таблички на Србија одбил да сопре на контрола во местото Морахалом во близина на српско-унгарската граница пренесува Ројтерс.
Возачот е приведен, а против него ќе се води постапка за криумчарење луѓе и предизвикување несреќа со многу жртви.