Седмата година повеќе не е кризна година: Кога почнува да се „шврља“?


Од оние кои изневеруваат, речиси половина од нив како причина го навеле недостатокот на интимност во бракот, некои обврски околу децата и одредена досада.

Во свет кој брзо се развива, паровите сега се тестираат долго пред нивната седма година заедно.

Дојде до промена во времето кога паровите прво „залутаа“ во бракот, а претходната „криза од седмата година“ е минато.

Дури третина од партнерите склони кон изневерување го прават тоа по само три години, покажа истражувањето.

Само десет проценти велат дека „го изгубиле патот“ по седум години.

Сајтот за венчавки illicitencounters.com прашал 2.000 свои членови во кој момент од бракот сакале да го изневерат партнерот.

Седум проценти од оние кои рекле дека тие или нивниот партнер изневерувале го сториле тоа во првата година од бракот. Пет отсто од нив залутале по две години, а 12 отсто по четири или пет години.

Единаесет проценти го изневерувале партнерот во шестата година од бракот.

Од оние кои изневерувале во одреден момент, речиси половина го обвиниле растечкиот недостаток на интимност во нивниот брак. Речиси една четвртина веруваат дека доаѓањето на децата им го променило односот и довело до притисоци кои предизвикале пукнатини во врската.

Други 16 проценти рекле дека им е досадно и бараат возбуда.

– Во овој свет со брз ритам, паровите сега влегуваат во искушение многу порано отколку во минатото – изјави Џесика Леони од illicitencounters.com.