Сеад Кочан бара помилување од претседателот Пендаровски
Доколку бизнисменот Кочан биде помеѓу затворениците кои исполнуваат услови, тогаш може да се даде мислење да му се скрати затворската казна од 4,8 години. Тој досега има одлежано две години и четири месеци. Тоа значи дека нему му останува уште половина казна. За неговото помилување, одлучува претседателот Пендаровски. Доколку го прифати барањето и скрати половина од казната на Кочан, тоа значи дека тој може веќе во јануари да излезе од затвор.