Се стопли и морето во Грција
Морето во Грција е толку топло деновиве што не разладува, јавуваат туристите во оваа земја прикачени на вибер групата Грцијаинфо.
Според нивните оценки вака топло морето во Грција не било последните 10 години, а температурите на водата денес на плажите во Никити, Вурвуру и Псакудија била 29 степени, а само степен постудено била во Хањоти, Тасос, Калитеа и други градови.
Во летувалиштата на Јонското море, Парга ,Лефкада, Крф и Кефалонија, температурата на водата била од 26 до 27 степени Целзиусови, со забелешка дека поради влагата чувството за високи температури во воздухот е поголемо.