Се продава првиот автомобил на Лука Дончиќ
На социјалните мрежи се појави оглас за продажба на првиот автомобил на Лука Дончиќ, а цената е многу прифатлива.
Станува збор за Porsche Panamera 4 од 2017 година која досега има поминато 97.000 километри, а во огласот стои дека засега е во добра механичка и естетска состојба.
Автомобилот има V6 мотор од 3 литри и 326 коњски сили, а сѐ може да се замени со батерија. Како што пренесува Collectingcars, освен Дончиќ, автомобилот го користеле и членовите на неговото потесно семејство.
View this post on Instagram
Аукцијата трае до 3 октомври, а највисоката понуда за автомобилот досега е 25.000 евра.
Интересно е што Дончиќ го купи овој автомобил непосредно пред ЕвроБаскетот 2012, каде таа година го освои златото со Словенија, а со Реал Мадрид шампионатот на Шпанија и Евролигата.
Воедно стана и најкорисен играч на АЦБ лигата, Евролигата и завршниот турнир во Евролигата и може да се каже дека му донесе многу среќа.