Се продава австралиски град напуштен пред 70 години
Далечниот град Козак, кој се наоѓа на брегот на Австралија, е понуден на продажба.
Некогаш многу луѓе живееле и работеле во бисерната индустрија во овој град, но со текот на времето населението се преселило во поголемите градови. Индустријата заснована на собирање бисери била започната во Козак во 1880-тите, а до 1895 година имало 57 бродови на кои работеле повеќе од илјада луѓе.
Но, градот бил напуштен пред 70 години и сега има само двајца жители, Рис Остерлунд и неговата партнерка Шенон Ервин, кои водат кафуле. Градот е во сопственост на владата, која одлучи да го продаде. Тоа е место заведено како државно наследство, неговата површина е 22,2 хектари, има 12 заштитени објекти, а тука е и блискиот остров Јарман.
Владата јавно не ја објави цената, но приоритет имаат оние кои сакаат да го купат градот и да се фокусираат на развој на туризмот, сместување, кампување, кафулиња и галерии.
Целта е закрепнување на градот и обезбедување долгорочно зачувување и идно управување со местото.
Понудите се прифаќаат до 20 ноември.