Се појави Ким и веднаш пукотници на границата меѓу Северна и Јужна Кореја


Војските на Северна и Јужна Кореја утрово отворија оган од огнено оружје на границата.

Се подигнуваат тензиите ден откако севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави во јавност по речиси три недели.

Инцидентот се случил кога од севернокорејска страна биле испалени повеќе куршуми кон граничниот пункт на Јужна Кореја, а од југот одговориле се две пукања кон северниот сосед, соопшти јужнокорејскиот генералштаб.

Во соопштението се додава дека на јужнокорејската страна нема повредени ни штети, пренесува Јонхап.

Како што се наведува, куршумите испалени од северот го погодиле пунктот во пограничниот град Чеорвон.