Се јави Ѓоковиќ, го честита Божик
Новак Ѓоковиќ кој се наоѓа во „притвор“ во Мелбурн додека ја чека одлуката од федералниот суд кој ќе одлучи дали ќе биде протеран од земјата или ќе ја брани титулата на Австралија Опен, за прв пат се огласи и тоа честитајќи го Божик.
Новак Ѓоковиќ се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбурн бидејќи австралиските власти му ја укинаа визата бидејќи не доставил доволно докази за медицинско изземање од вакцинација и се очекува во понеделник да биде познато дали српскиот тенисер ќе ја брани титулата или ќе мора да ја напушти Австралија.