СДСМ: Уште колку лаги ќе каже Орце Ѓеорѓиевски за Скопје


 

Она што требаше да биде голема пропагандна алатка во изборната кампања може да се претвор во автогол за Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје. Ѓеорѓиевски објави дека познатиот фестивал „Егзит“ од Нови Сад ќе дојдел во Скопје – акот тој победел на изборите.

„Орце Ѓеорѓиевски уште еднаш покажува дека за него нема граница кога станува збор предизборната манипулација. Откако вети воз на кејот на Вардар и невозможен парк во Вардариште, сега смилил нова манипулација дека фестивалот ‘Егзит’, кој најави дека нема веќе да се одржува во Србија, се сели во Скопје. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги излаже скопјани дека Скопје од следната година ќе стане нова дестинација на глобално реномираниот фестивал ‘Егзит’ – но под услов само ако тој победи на изборите“, вели СДСМ во својата денешна реакција.

Од партијата велат дека „секоја сериозна личност што го прочитала официјалното соопштение на организаторите на ‘Егзит’ може лесно да утврди: не постои никаква потврда за Скопје како фестивалска локација, ниту во 2025, ниту во 2026 година. Единствено што е објавено од страна на ‘Егзит’ е план за глобална турнеја со повеќе настани низ светот. Ѓорѓиевски, во обид да ги освои гласовите со лажни ветувања, свесно извртува дека од Србија се сели во Скопје“.