СДСМ ќе го враќа Максим Димитриевски во партијата


Генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер, Љупчо Николовски, во гостувањето  на ТВ21 вечерва најави дека партијата ќе се обиде да го врати кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во своите редови. Димитриевски беше исклучен од партијата откако најави независна кандидатура за локалните избори, на кои потоа настапи самостојно и го освои вториот мандат на чело на општината.

„СДСМ ќе влезе во постапка во која верувам врз база на сите дискусии кои сме ги имале по изборите ќе извлече поуки, ќе донесе многу одлуки. СДСМ ќе направи се преку сите процеси и промени што ги прави, и верувам дека и овој предизвик пред кој се наоѓаме ќе го решаваме сите заедно и дека обединети, со многу промени и детектирани слабости и отстранување на истите, ќе биде партија која ќе биде целосно подготвена за следните предизвици“, рече Николовски.

На дополнително прашање од водителот „да резимирам, ќе се обидете да го вратите Максим“, Николовски одговори: „Ќе се обидеме да направиме сè, да“.