СДСМ го обвини Панче Тошковски за влошување на безбедносната состојба


Владејачката партија СДСМ алармира дека е влошена безбедносната состојба во Македонија и за тоа според нив е виновен техничкиот министер Панче Тошковски и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, партијата на Мицкоски не е способна да ја гарантира безбедноста и сигурноста на граѓаните.

„Се влошува безбедносната состојба во Македонија. Само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковки ја преземаа одговорноста на улиците владее хаос.Во само два месеца, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила, а денеска и пукање. Загрозувањето на иднината на граѓаните ќе доведе до нови ризици, налик на 11 годишното владеење на ДПМНЕ“, стои во соопштението на СДСМ. Патерм во овој период се случи и убиство на докторот во железара за кое се уште нема никакви сериозни откритија.

Тие критикуваат дека ВМРО-ДПМНЕ можеле да го „урнат сето она што било вложено во европската иднина“.