СДСМ: Експресниот пат од Дреново до Градско 90 отсто е наше дело


СДСМ се пофали дека патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско, што е завршен сега 90 отсто е дело на нивната влада, а не на актуелната иако, како што велат, се кити со туѓи перја.

-Задоволството е поголемо заради огромното значење за граѓаните кој овој пат го има не само за Прилеп и прилепчани, туку и за граѓаните на Битола, Ресен и од целиот Пелагониски регион.Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90% од работите овој проект.

Завршени беа 2 тунели со вредност од околу 6 милиони евра кои беа најсложени за изградба.-Асфалтирани беа над 95% од вкупната должнина на патот.Изградени беа сите клучни конструктивни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, еден вијадукт, една галерија.

Проектот долг 10,2 километри, со вредност над 33 милиони евра, најтешкиот и најкомплексен дел од трасата во Фаришката клисура го заврши Владата на СДСМ. Што направи ВМРО-ДПМНЕ? За цела една година  заврши мал дел,  санираше само едно свлечиште,  постави бетон од 10 метри, заврши дел од сигнализацијата и дел од оградите. И она најважното за нив,  се китат со туѓи перја, се сликаат пред камерите и  го претставуваат овој проект како свој.Но, сепак добра вест за граѓаните е дека кончено патот е завршен. Дека граѓаните од целиот пелагониски регион добиваат пат значаен за економијата, транспортот и безбедноста, рече Талески.

Тој потсети дека СДСМ многу инвестирала во различни проекти, особено во патната инфраструктура. Експресниот пат Градско –Дреново е исто така проект на СДСМ, обновата на патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, почетокот на реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д и така натаму.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак се пофалија дека за период од една години владата инвестирала во локалните самоуправи преку видливи проекти. Дел од проектите се следните:

Реализирани се 129 проекти за рамномерен регионален развој на Македонија.

Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“ во вредност 29.556.254 денари.

Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија – Охрид, набавка на опрема и дигитализација во вредност 24.370.953 денари.

Заштита и превенција од пожари во микро регионот, Општини Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце „FIRESHIELD”- вредност 21.644.000 денари.

Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“ – вредност 4.325.668 денари.

Подобрување на здравствените услуги и создавање на услови за рехабилитација на ранливи категории граѓани и постковид пациенти во Пелагониски плански регион во вредност 27.275.658 денари.

Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово-4та ламела, Општина Берово“ – вредност 22.278.213 денари.

24.885.000 денари за „Паметно ЛЕД осветлување“ во Полошкиот плански регион.

Одобрен стратешки проект за изградба на граничниот премин Клепало (Берово–Струмјани) во вкупна вредност од 11.127.682.

Паметни решенија Велес „Продолжуваме“ во износ од 46.215.459 денари.

Проект „Зелена топлина – Воведување на ефикасна услуга за греење на мали мрежи ориентирана кон клиентите, базирана на обновливи извори на енергија“ во општина Радовиш во износ од 55.921.234 денари.

Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово, во износ од 37.887.429 денари.

Проект „Чист Аеродром“ – Нула цврст отпад во Општина Аеродром, во износ од 37.182.273 денари.

-Кога СДС ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек.Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти.

Граѓаните добро се сеќаваат на плехот на дружината на СДС во тунелот при пуштањето во употреба на наследениот готов автопат Демир Капија – Смоквица.Исто така, народот памети како СДС наместо да работи на реализација на капитални проекти, ги кочеше го последно, како автопатот Миладиновци – Штип, кој го наследија речиси целосно изграден, требаше да постават само патна сигнализација, а две години го кочеа и не го пуштаа во употреба.Ама и не е човек да им се лути, толку знаат и толку умеат, па толку и работат.

Во однос на патната инфраструктура на којашто за една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно се работи и пуштаат во употреба, имаме само едно да им порачаме на СДС.

Проектите не се на ниту една влада, ниту на една партија, големите инфраструктурни проекти ги надминуваат гарнитурите на власт. Тие се проекти од граѓаните и служат за потребите на граѓаните, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.