СДСМ Битола го осуди опожарувањето на возилото на Христо Кондовски
БИТОЛА – Општинската организација на СДСМ Битола јавно објави дека опожареното возило е на поранешниот кандидат за градоначалник на партијата Христо Кондовски и го осуди чинот, напоменувајќи дека влева став кај граѓаните пред локалните избори.
„СДСМ Битола најостро го осудува опожарувањето на возилото на поранешниот кандидат за градоначалник на Битола од нашата партија, Христо Кондовски.
Овој насилен чин влева страв кај граѓаните за нивната личната безбедност, а на само неколку месеци пред локалните избори, и несигурност за интегритетот на процесот“, велат од локалната организација на СДСМ Битола.
Според партијата „Битола станува небезбедна, а со вакви појави гледаме дека и цела Македонија е претворена во место на страв и пресметки. Власта мора итно да реагира – ова не смее да стане новото нормално.“
Од партијата очекуваат брза и ефикасна истрага, а сторителите да бидат изведени пред правдата. (А.Б.)