СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид
СДСМ најостро го осудува чинот на остранување на спомен плочата на НОБ во Охрид и бара да се утврди кој е одговорен, а граноначалникот Кирил пецаков да не молчи.
-Бараме локалната власт на ДПМНЕ да излезе пред граѓаните и каже кој ќе понесе одговорност.Бараме одговорност за сите инволвирани, бидејќи уништување културно заштитено наследство е казниво дело.Кој ќе ја сноси одговорноста и кој дозволил да се случи вакво нешто одговор треба да даде градоначалникот од ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Насилното тргање на спомен плочата од НОБ е последица на хаосот кој владее во Охрид и дозволеното самоволие.Локалната власт на ДПМНЕ во Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков дозволуваат самоволие, урбано дивеење и уништување на споменици од НОБ. Ова е уште една потврда, ДПМНЕ воопшто не се грижи за историското минато и антифашистичката борба туку само за бизнис интересите на поединци.
Само поради нивните бизнис интереси во ризик е културното и историското значање на Охрид, порача Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.