„Самсунг“ ќе го реши проблемот со сензорот за отисок од прст


Компанијата „Самсунг“ најави дека наскоро ќе го реши проблемот со сензорот за отисок од прст.

Од компанијата најавија решение откако беше пријавено дека сензорот за отисок од прст не функционира ако на екранот се стави заштитна фолија. Овој проблем го имаа галакси ес 10, ес 10 плус, ес 10 5 ге, галакси ноут 10, и ноут 10 плуис, потврдија од „Самсунг“.

ултрасоничниот сензор по грешка ги читаше 3 де примероците во заштитата на екранот како отисок од прст, а како резултат на тоа секој можеше да отклучи смартфон заштитен со силиконска фолија што претставува сигурносен проблем.

„Самсунг“ наскоро ќе понуди решение за овој проблем, а до тогаш советува на корисниците да не користат силиконска заштита, односно да ја отстранат постоечката и да ги избришат претходно регистрираните отисоци на прсти, а потоа да регистрираат повторно без силиконска заштита. Ако користите заштита за екран која дошла со новиот уред, не треба да ја отстранувате.