Салвини: Максимално разбирање со Вучиќ, срдечна средбаѝ


Потпретседателот на италијанската Влада Матео Салвини информира дека со српскиот претседател Александар Вучиќ постигнале максимално разбирање за важни теми и оти ја потврдил својата поддршка за Србија за влез во ЕУ.

Салвини истакна дека средбата, која се одржа денеска попладне во Рим, била срдечна.

– Постигнавме максимално разбирање за важни теми како што се безбедноста, заштитата на границите, соработката и меѓународните односи. Ја потврдив својата поддршка за Србија за влез во Европската унија, напиша Салвини  на Твитер.