„Сајнолоџи“ ја претстави својата најнова технологија за чување податоци

Тајванската технолошка компанија „Сајнолоџи“ го претстави првиот модел од својата најнова технологија за чување податоци, наречена „Дискстејшн ДС925+“ (DiskStation DS925+). Оваа серија означува важна пресвртница во деловното мрежно складирање, насочувајќи се на помоќни перформанси, зачувување на екосистемот и доверливост.
Дизајниран за професионалци и претпријатија кои работат на далечина, а во улови на сѐ понапредна технологија и дигитални инфраструктури, „ДС925+“ обезбедува до 150 отсто побрзо запишување податоци и 146 побрзо побрзо преземање споделени податоци во споредба со претходниот модел. Уште повеќе, овој модел е опремен за задачи како резервна копија, виртуелизација и видеонадзор.
Почнувајќи од април 2025 година, сите модели од серијата ќе ја следат новата политика за компатибилност на хард-дискот, во согласност со официјалната листа за компатибилност. Ова овозможува подобри дијагностички алатки, следење на животниот циклус и автоматско ажурирање на фирмверот – подобрување на севкупните перформанси на системот и поддршката за корисниците.
Натаму, со алатки како „Сајнолоџи драјв“ (Synology Drive), „Актив бекап сјут“ (Active Backup Suite) и „Срвејленс стејшн“ (Surveillance Station), „ДС925+“ носи функционалност на корпоративно ниво – на мали тимови и канцеларии на далечина – овозможувајќи синхронизација меѓу повеќе географски мести, употребливи резервни копии и интелигентна видео-аналитика.