САД загрижени од провокациите на Курти
Американската влада е длабоко загрижена поради неодамнешните постапки на властите во Приштина, кои имаат директни негативни последици за српската заедница и припадниците на другите малцинства на Косово, изјави американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер. Тој ја осуди акцијата на косовската полиција во која беше запленето возилото на Пошта Србија и парите наменети за социјални бенефиции обезбедени од Србија.
Ховениер рече дека прашањата поврзани со косовските структури поддржани од Србија треба да се разговараат во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ и додаде>Ховениер: САД се длабоко загрижени за постапките на властите во Приштина и додаде:
„Исто така, го повторуваме барањето Приштина да го одложи спроведувањето на одлуката на Централната банка за трансакциите за готовинско плаќање додека не се воспостават процедури согласно европските стандарди и додека населението не биде доволно информирано за тоа како ќе се одвива трансферот на нивните средства“.
Американскиот амбасадор оцени дека овие постапки на привремените институции на Приштина непотребно ги зголемуваат меѓунационалните тензии и како резултат на тоа ги ограничуваат опциите на САД да бидат ефикасен застапник на Приштина на меѓународната сцена.
Ховениер изјави дека тоа се однесува и на операциите што ги презеде косовската полиција во изминатите неколку недели по налог на приштинското Министерство за внатрешни работи до канцелариите на српските административни институции во Драгаш, Пеќ, Исток и Клина, како и на невладина организација „Центар за мир и толеранција“ во Приштина.