САД: Откриен нов високозаразен сој

Научниците од американската држава Орегон откриле нов високозаразен сој на корона вирусот, кој најпрво се појавил во Британија.
Но, овојпат се измешал со локалните мутирани варијани и можно е да ги направи вакцините помалку ефикасни.
Американските здравствени работници досега наишле на само еден случај, како што го нарелуваат „застрашувачки сој“, а по истражувањата утврдено е дека настанал во локалната заедница и дека не се развил кај пациентот кај кој е откриен, пренесе Њујорк пост.
„Ова сигурно не сме го увезле од странство- настанал спонтано, кај нас“, вели Брајан О`Рук, генетичар од Универзитетот Орегон.
Основата на новооткриениот сој има иста заднина како новите соеви, но и иста мутација – E484K (Eek), која е видено во Јужна Африка, Бразил и Њујорк.
Во лабораториските испитувања утврдено е дека Еек мутацијата ја намалува ефикасноста на вакцината затоа што го отапува имуниот одговор на организмот.
Британскиот сој B117 исто така ја има мутацијата Еек, но орегонскиот сој се развил независно, додава О`Рук.