САД не му дале виза на косовскиот премиер Курти


Премиерот на Косово  и лидер на Самоопределување, Албин Курти, не добил виза за посета на Соединетите Американски Држави, објави порталот „Косово пост“.

Веста за негативен одговор на барањето за виза за овој портал ја потврдија и соработниците на премиерот на Косово, Албин Курти. Порталот „Косово пост“ наведува дека визата на Курти ја ускратила најмоќната земја во светот, односно „ко-спонзорот“ на раѓањето и изградбата на Косово. Порталот наведува и дека на Курти не му помага големата поддршка на граѓаните на Косово да ги отвори вратите за земјите во светот.