САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела

САД објавија официјално предупредување до своите граѓани да не патуваат во Венецуела, наведувајќи го растечкиот ризик од произволни притворања во земјата, каде што нема оперативна американска амбасада или конзулат.
„Американските граѓани во Венецуела се соочуваат со значителен и растечки ризик од неправедно притворање“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Тие објавија највисоко, четврто ниво на предупредување за патување – „Не патувајте“. Главните ризици вклучуваат тортура за време на притвор, тероризам, киднапирања, произволни дејствија од страна на органите за спроведување на законот, насилен криминал, граѓански немири и сериозни дефицити во здравствената заштита.