Сабаленка со победничкиот пехар на Мастерсот во Мајами


Мајами – Арина Сабаленка успеа да триумфира на Мастерсот во Мајами и со тоа направи голем подвиг. Таа во две недели победи на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами и на двата турнира на сите мечеви загуби само два сета.

Сабаленка во финалето ја победи Американката Коко Гоф со 2:1 во сетови (6:2; 4:6 и 6:4). Првиот сет тенисерката од Белорусија го одигра речиси без грешка, а во вториот сет Гоф ја стабилизираше својата игра и успеа да направи брејк и да го изедначи резултатот. Во решавачкиот сет Сабаленка веднаш направи брејк и ја зачува предноста.

Со „двојната победа“ во Индијан Велс и Мајами, Сабаленка стана петтата тенисерка кој го постигнала овој резултат по Штефи Граф, Ким Клајстерс, Викторија Азаренка и Ига Швјонтек.

Вечерва на програмата е машкото финале меѓу Јаник Синер и Јиржи Лехечка.