Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами по смртта на партнерот
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами, пренесува „Tennis365“.
Дваесет и петгодишната Белорусинка е отстранета од официјалниот распоред на тренинзите, а објавите за нејзиното учество на социјалните мрежи се избришани.

Претходно се дозна дека нејзиниот интимен партнер, Константин Колцов (42) почина на 18 март во Мајами каде што допатува за да ја поддржи својата девојка.
Поранешниот белоруски хокеар Колцов беше во врска со Сабаленка од 2020 година.

И британската тенисерка Ема Радукану се повлече од ВТА турнирот во Мајами (САД), објави „Sky Sports“.
Тенисерката ќе го пропушти турнирот поради повреда на грбот. Неа во главната ждрепка ќе ја замени Ана-Каролина Шмидлова.
Радукану во првото коло на турнирот во Мајами требаше да игра против Ксиу Ванг од Кина.
На последниот турнир во Индијан Велс (САД), Радукану стигна до третото коло, во кое загуби од Арина Сабаленка од Белорусија (3:6, 5:7).