Руски дрон паднал на територијата на Романија


Руски воен дрон навлегол во романскиот воздушен простор и се урнал на територијата на Романија, откако врз леталото претходно дејствувала украинската противвоздушна одбрана.

Како што соопшти романското Министерство за одбрана, во инцидентот нема повредени лица ниту е причинета материјална штета.

Дронот ноќеска во 00:44 часот навлегол во романскиот воздушен простор и паднал на околу четири километри од граничната линија, во близина на населбата Паркеш во округот Тулча.

Претходно два романски борбени авиони „Ф-16“  биле подигнати од воздухопловната база Борча за да ја надгледуват ситуацијата, откако бил регистриран руски бран напади со дронови врз цивилни цели и инфраструктура во Украина во близина на речната граница со Романија.

Во 00:35 часот било издадено и предупредување до населението во северниот дел на округот Тулча преку системот РО-АЛЕРТ.