Русите објавија мапа до каде стигаат проектилите од САД на нивната територија


Лансерите за ракети ХИМАРС се многу подвижни

Руската државна телевизија емитуваше мапа на Русија на која се прикажани областите што  Украина може да ги нападне со оружје што го испорачува Западот. Мапата ги истакнува регионите долж украинско-руската граница, вклучувајќи ги Белгород, Курск, Брјанск и Смоленск, како области кои би можеле да бидат нападнати, како и цели подлабоко во Русија, како што се регионите Рјазан, Тамбов и Саратов.

 Пропагандистите, по дозволата од САД за користење на американското оружје за напад на цели на руска територија, станаа хистерични. Тие тврдат дека сега се случува „фазна ескалација“.

„Денес ХИМАРС, утре – АТАКМС. И штом Русите одговорат, НАТО и Пентагон ќе продолжат кон нови цели“, напиша еден корисник на X.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела предупреди дека земјите од НАТО „треба да бидат свесни дека си играат со оган“ откако и дозволија на Украина да ја нападне руската територија со западно оружје.