Русија тврди дека уништила четири ракетни системи „С-300“ и соборила два авиони
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили уништиле четири противвоздушни системи „С-300“ кои Украинците ги добиле од Европа.
Москва уверува дека крстосувачките ракети „Калибар“ уништиле дури четири системи „С-300“ скриени во хангар во близина на градот Днипро во источна Украина. Во нападот загинале 25 украински војници.
Русија не прецизираше која европска земја ги донирала системите, а познато е дека Словачка ѝ предаде еден таков систем на Украина минатата недела.
Русија соопшти дека соборила и два украински авиони во близина на Изјум. Се наведува и дека четири украински беспилотни летала и хеликоптер биле соборени во други источни области на земјата.
Овие тврдења не можат независно да се потврдат.